Биолошки третман

Биолошкиот третман на лице е наменет за сите типови на кожа,а посебно за зрела,сува и кожа оштетена од сонце.Биолошкиот третман е многу едноставен,безбеден,ефикасен и многу пријатен.Овој третман подразбира чистење,потхранување и хидратација на кожата.Биолошкиот третман го забавува процесот на стареење,го спречува губењето на свежината и еластичноста на кожата.Постапката започнува со

  • Чистење на лицето со млеко и тоник
  • Пилинг,за да се отстранат мртвите ќелии од кожата
  • Масажа на лице
  • Нанесување маска со природни состојки
  • Нанесување хранлива крема,според типот на кожата

Крајниот резултат е подмладена,сјајна и здрава кожа,

Биолошкиот третман на лице може да се прави преку целата година,а препорачливо е да се прави после 25 тата година.