Маникир / Педикир

МАНИКИР

Маникир е третман на вашите раце и нокти.Овој третман подразбира масажа,обликување и украсување на ноктите.Масажата на рацете ја подобрува циркулацијата додека маникирот кој се изведува со помош на лосиони го поттикнува растот,  квалитетот  и  влажноста на ноктите.Нивото на влажност на ноктите има големо значење во однос на нивниот раст и можноста за нивно пукање,доколку не се доволно хидрирани.Посебно би ја одвоиле Парафинската купка за раце,која претставува специјала нега која има додаток на етерично уље за интензивна нега на кожата.

ПЕДИКИР

Педикирт е тртман за нега на стопалата.Со редовен  педикир се одржува личната хигиена и се добива  убав  негуван изглед на стопалата,притоа  спречува различни деформитети и болести карактеристични за стопалата.Во текот на третманот се одстрануваат сите задебелени  и мртви ќелии од површината на кожата, се користи уље,лосион или парафински восок во зависност од третманот.Масажата на стопалата е дел од третманот.Големиот избор на лак и гел лак,ќе го даде крајниот резултат на убаво негувано стопало.