Tpетман на лице со алги (Babor)

Третманот на лице со алги покрај основното својство за хидратација има улога и во длабински чистење на кожата,кој е наменет за сите типови на кожа.Овој третман овозможува микроциркулација и делува анти-токсично.Со помош на алги третманот,вашата кожа ќе ја добие потребната влажност,убавиот сјај и здрав изглед.Алгите посдуваат висок степен на биолошки активни материјали и содржат голем број на есенцијални аминокиселини,белковини,витаминска група B,A,C,E,минерали и олиго елементи.

Препаратите на козметичката линија BABOR,кој се користат за овој третмн содржат екстрат од алги кој длабоко ја хидратираат кожата,го подобруваат тонусот и ја прават кожата еластична и витална.Третманот се препорачува за сите типови на кожа и сите возрасти.