Pадио фреквенција на лице

Апаратот со кој се изведува овој третман Radioderm ,ги соединува карактеристиките кои ги задоволуват специфичните потреби на дерматолог,естетски хирург,физиотерапевт и козметичар.На тој начин само еден уред го здоволува корисникот со успешна терапија како што е :отстранување на бори,целулит и локални масни наслаги,

Радиофреквентната терапија е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови.Топлината од уредот ја подобрува циркулацијата,го забрзува метаболизмот,го зголемува мускулниот тонус и активира создавање на нов колаген.На тој начин кожата станува цврста,затегната и сјајна.Поради високата температура доаѓа до топење на мастите,со што подобро се обликува телото и се намалува целулитот.Затоа овој метод успешно се применува на сите делови на телото,односно кожата.Вообичаени делови на телото каде што се постигнуваат посакувани ефекти се: делот околу очите, лице,образи и чело, врат, деколте, струк и стомак, раце.