Mикродермоабразија

Микродермоабразија е третман кој  со блага и неагресивна метода доведува до отстранување на површинскиот слој на кожата.Тоа е процес кој овозможува стимулација на колагенот и го забрзува растот на нови клетки во подлабокиот слој на епидермот.Микродермоабразијата се применува и е многу  успешна кај сите типови на кожа.Кожата ја прави мазна,ги намалува борите и ја редуцира површинската хиперпигментација.Третманот потпомага во зголемување на микро циркулација во кожата и го подобрува преносот на кислород и хранливи материи во клетките.Ги стимулира клетките во дермисот и епидермисот,што го зголемува создавањето на колаген.

Овој третман посебно се препорачува доколку имате:

  • атрофирана и остарена кожа каја ја изгубила еластичноста
  • старчки пеги, пигментни регии и флеки
  • активни акни
  • стрии
  • кај плитки или длабоки бори
  • кај проширени пори
  • кај лузни на лице и тело