Крио лифтинг третман

Третманот Крио лифтинг е познат како најинтензивна мезотерапија,која без хируршки зафат и без игли го подобрува тонусот на кожата и ја подмладува.Со Крио третманот се врши масажа на лицето со ледена сонда ( -18 c)  која овозможува оптимален доток на кислород до самите клетки.Пред масажата на лице се нанесува гел,кој содржи 55 активни компоненти и тоа витамин A,B,C,E и K,минерали,аминокиселини и олигоелементи.Ледената сонда сите овие состојки ги пренесува во длабоките слоеви на кожата,и така целосно ја регенерира.

Што се добива со Криолифтинг третманот:

  • Подмладување на кожата
  • Ја освежува заморната и опуштена кожа
  • Ги подобрува контурите на лицето
  • Ги намалува темните кругови околу очите
  • Го подобрува тонусот на опуштените очни капаци,

Третманот трае околу 40 мин,а се препорачуваат минимум 5 третмани.Резултатите се видливи веќе после првиот третман